Петар Печков
Објавено: сабота, 14 мај 2011
Во саботата напладне од 11:00 часот до 13 часот во центарот на Велес присуствуваше караванот за промоција на „Кодексот на однесување за слободни и фер избори“. Главна негова цел беше подигнување на свеста на членовите на политичките партии, како и на граѓаните за потребата од фер и демократски избори. Настанот немаше политичка позадина и е целосно концетриран на вредностите за фер и демократски избори.
Во соработка со неколку други НВО, Националниот демократски институт за меѓународни работи (НДИ) по 7-ми пат спроведува кампања за фер и слободни избори. Годинава кампањата се спроведува под мотото „Каков белег ќе оставиме?“.
НДИ е меѓународна невладина организација со седиште во Вашингтон, САД , а во Македонија работи од 1993 година. НДИ работи со Собранието на Република Македонија за зајакнување на неговите демократски капацитети.
Tweet |